МД „Илинден“ на ФУЕН семинар на словенските малцинствата во Европа

Од:

Во организација на Унијата на европските националности (ФУЕН), во соработка со Федерацијата на Лужичките Срби од Германија изминатите четири дена, во германскиот град Бауцен, одржан е 20. семинар на словенските малцинства во Европа.

Во работата учестуваше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, кое е членка на ФУЕН, а во исто време е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН.

На семинарот, како што пренесува електронското издание на весникот на Македонците во Албанија „Илинден“, претседателот Ѓурѓај презентирал материјал на тема „Положбата на Македонците во Албанија и положбата на македонско друштво „Илинден“-Тирана”.

На маргините на семинарот, наведува десникот, првиот човек на МД „Илинден“ остварил средби со претседателот на ФУЕН Лорант Винце, неговиот заменик Суж, како и претседатели на здруженија и друштва на словенски малцинства од повеќе земји во Европа.

ФУЕН е eвропска организација на автохтони, национални малцинства и етнички групи во Европа. Има над 90 организации-членки во цела Европа. Основана е пред 67 години во Париз. МД „Илинден“ стана рамноправен член на ФУЕН со едногласна одлука во мај 2015 година, на 60-от конгрес на асоциацијата.

Би можело да ве интересира

Софија праќа лекари во Мала Преспа: „Министерката Габриел сака да ги побугари Македонците во Пустец“

Орце Костов

Резолуцијата на ФУЕН за Македонците во Албанија објавена на три јазици

Ана Ололовска

ФУЕН изгласа резолуција со која ги поддржува барањата на Македонците во Албанија

Ана Ололовска