Маж прегазен на патот кон граничниот премин „Ново Село“

Од:

Вчера попладне во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во село Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од 67-годишниот О.П. од Република Бугарија, удрило во пешак, 72-годишниот А.С. од село Ново Коњарево, извести МВР.

– Во несреќата пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода