Неколку илјади матуранти од повеќе македонски градови денеска, традиционално, по шести пат, играа „Kвадрил“ на плоштадот Македонија, славејќи ја својата зрелост.
Заедно со нив, танцуваа и матурантите од повеќе европски држави. Идејата беше да се собори светскиот рекорд кога најголем број луѓе истовремено синхронизирано играат на иста музика, а во различни делови од светот.
Годинава, танцувањето беше во знакот на кампањата против насилството во училиштата.
Матурската парада започна во 2001-ва година во Словенија, а во Македонија првпат се танцуваше во 2007-та. Тогаш кај нас, во истовременото танцување учествуваа 692 матуранти, за во 2011-та бројот да се зголеми на 1.840 матуранти.
http://www.youtube.com/watch?v=QF-LHqhH8Tc&feature=g-upl
Годинава, само во Скопје, на звуците на „Лилјакот“ на Јохан Штраус танцуваа речиси илјада матуранти.