Мартин Цеков го фати светиот крст во Каменичка река

Од:

Од триесетината младинци што скокнаа во осветените води на Каменичка Река, крстот успеа да го извади Мартин Цеков од Македонска Каменица.

Традиционално Црковниот одбор при храмот  „Света Богородица“ на  тој што ќе го извади крстот  од водите на Каменичка Река му подарува златно ланче со крст. Годинава среќата ја имаше Мартин Цеков,  на кој градоначалникот Дарко Митевски, од името на Општина Македонска Каменица му подари златен медалјон со ликот на Свети Јован Крстител.

– Ги почитувам нашата вера и црква и се радувам што мене ми се падна среќата и честа да го извадам крстот. Им благодарам на општината и на спонзорите за даровите, а на рударска Каменица и посакувам економски просперитет, Бог се јави – Навистина се јави, рече Мартин Цеков.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје