Марш по повод 137-годишнината од Разловечкото востание

Од:

Во организација на општина Делчево рано утрово започна Планинарскиот марш посветен на 137-годишнината од Разловечкото востание.

Со заедничка фотографија на новоизградениот мост на реката Желевица кај село Тработивиште беше означен стартот на маршот „По трагите на разловечките востаници“.

Планинарите симболично го носат востаничкото знаме, што ќе биде истакнато во Спомен-домот на Разловечкото востание.

Маршрутата е долга 11 километри, а планинарите треба да ја совладаат за два часа и 30 минути. Организатор на маршот е Општината Делчево, а учествуваат планинари од Скопје, Пробиштип, Пехчево, Делчево и од други места.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево