Маричиќ-Варвициотис: Грција останува важен партнер на С. Македонија на европскиот пат

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Атина оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, на која беше разговарано за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и соработката меѓу двете земји на ова поле.

– Северна Македонија ја има Грција за партнер и силен поддржувач на европскиот пат. Добрососедските односи и поддршката која ја имаме од Грција отвораат простор да се фокусираме и да зборуваме за европската иднина и за македонските евроинтеграции, рече Маричиќ на средбата.

Министерот Варвициотис потврди дека Грција е искрен и силен поддржувач на Северна Македонија на европскиот пат и дека во текот на процесот на преговори можеме да сметаме на помош во постигнувањето на европските стандарди и забрзување на евроинтеграцијата.

Тој додаде дека е задоволен од досегашната соработка и добрите односи помеѓу двете земји, пример што треба да го следат и други земји, но и дека европскиот курс на тесно поврзан со спроведувањето на Договорот од Преспа. Почитувањето на меѓународното право е единствениот начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина на двата народи, додаде Варвициотис на средбата.

За вицепремиерот Маричиќ денешната официјална посета на Атина е уште една потврда за постоење на добра политичка волја и потенцијал за меѓусебна соработка во остварувањето на заедничките стратешки цели и нови инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат мобилноста на нашите граѓани, како отворањето на граничниот премин Маркова Нога за кој соговорниците изразија уверување дека ќе има успешна реализација и брзо и ефикасно отворање.

На состанокот Маричиќ и неговиот грчки колега Варвициотис дискутираа и за билатералните односи, случувањата во регионот, проширувањето на ЕУ, енергијата, војната во Украина и кризите предизвикани од истата.

Во рамки на посетата на Атина, Маричиќ ќе земe учество како главен говорник на тркалезна маса организирана од Програмата за Југоисточна Европа на Грчката фондација за европска и надворешна политика ЕЛИАМЕП, известуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски