МАНУ: Жалиме за изгубените млади животи во Кочани

Од:

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) изразува длабока тага и неверување од последиците по трагичниот настан во Кочани од незамисливи размери, во кој пламените јазици покосија многу млади животи.

– Изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејствата на настраданите, свесни дека не постојат зборови на утеха за родителите и најблиските. Во овие мигови, кога молкот и солзите зборуваат погласно од говорот, можеби е крајно време да најдеме сили и да вложиме напори во бескомпромисна борба со корумпираноста и самоволието на поединци. За жал, изгубените млади животи не можеме да ги вратиме, но ние, повозрасните, можеме да научиме уште една лекција повеќе и да станеме поодговорни, похумани, посовесни и општествено посвесни, заради нашите деца, заради нивната иднина, се вели во соопштението.

Академијата ја известува македонската јавност дека во знак на почит кон загинатите и прогласените денови на жалост ги одложува сите планирани активности, како и одржувањето на редовното Годишно собрание на МАНУ закажано на 19 март 2025 година.

Македонската академија на науките и уметностите им се заблагодарува на сите соседи и пријатели во регионот и пошироко за укажаната несебична помош и хуманост. Ги пренесуваат изразите на најдлабоко и најискрено сочувство до семејствата на настраданите и желбите за брзо закрепнување на повредените од Српската академија на науките и уметностите.

– Нека почиваат во мир и нека им е вечен споменот, нашите мисли и молитви се заедно со нивните семејства, стои во соопштението од МАНУ.

Би можело да ве интересира

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски