Манијак им покажува гениталии и ги демне учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во центарот на Скопје

Од:

Манијак ги распаметува учениците во основното училиште „Димитар Миладинов“ во центарот на Скопје. Влегува во дворот на училиштето и кога ќе начека помала група ученици им го покажува половиот орган.

Вчера влегол во дворот зад училиштето и преплашил неколку девојчиња кои излегле да ја извршат дневната задача во школската мерна станица. Едно од нив, на кое вторпат му излегува манијак во училиштето, го фотографирало.

„СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на случајот“, кусо велат од МВР.

И наставниците од училиштето потврдуваат дека често учениците пријавуваат дека манијаци се движат околу зградата на училиштето, која се наоѓа зад „Даре Џамбаз“. Велат дека секоја пријава кај нив ја проследуваат и до полицијата.

Училиштето, овој месец нема обезбедување. Според сознанија на „А1он“ истечен е договорот за обезбедување кој бил склучен минатата година. Новиот договор, ќе почне да важи од јануари. Родителите, за минатиот месец, сами се организирале да го покријат трошокот за обезбедување.

Во училиштето, полиција дошла денеска. Ги собрала сите податоци, а за да се најде манијакот, ќе се проверуваат и безбедносните камери од околните објекти.
Ова училиште и порано било мета на манијаци кои се движеле како во кругот на училиштето, така и околу него. Дел од родителите реагираат на ваквите појави, а особено се загрижени за безбедноста по последните случувања.

Би можело да ве интересира

Судот донесе одлука за притвор: 63-годишен маж се самозадоволувал во воз

Горан Наумовски

Манијак од велешко истепал, па допирал малолетничка

Горан Наумовски

Во Аеродром уапсен манијак од Гостивар

Судот одлучи – манијакот од Скопје во куќен притвор бидејќи постои опасност да продолжи со перверзните дејствија

А1он

Предложен куќен притвор за 30-годишникот кој низ Скопје се самозадоволувал пред девојки

Ана Ололовска

Уапсен скопјанец кој се самозадоволувал пред женски лица

Горан Наумовски