Со манифестација „Читањето и математиката се забавни“ денеска во Градскиот парк ќе се одбележи завршувањето на учебната година за ученици од почетните одделенија во основното образование.
Настанот ќе понуди библиотека на тркала полна со сликовници, книги и ресурси достапни за користење, заедничко читање сликовници и учество во забавни математички игри со актерите Гораст Цветковски и Амернис Нокшиќи, читачко, математичко, лилковно и катче за размена со книги и сликовници….
„Читањето и математиката се забавни“ е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, што го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија.
Целта на проектот е да се подобрат јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, да се подобрат педагошките вештини на наставниците и да се подигне свеста за важноста на раното описменување кај учениците.