(ВИДЕО) Манчевски: Груевски цртал и балкони, сакал обелиск од 20 метри

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски објави три снимки за кои кажа дека се разговори помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески.

Никола Груевски црта и прецртува балкони, признава дека Валентина Стефановка е режимска скулпторка.

Сакал и фонтана со обелиск висок 20 метри да изгради како што имало во Рим.

Премиерот во заминување бирал идејни решенија за кулата на Водно, па и за катни гаражи. Споредувал стилови, бил архитект и дизајнер, рече Манчевски.

2.Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Молам
НГ: На Мето сега му беше кажано да ја поправи зградата.
МЈ: Добро
НГ: Знаеш, кога гледаш од реката Вардар према зградава, од бочниот дел, од страничниот дел
МЈ: Добро
НГ: Нели има едни како балкони, и внатре, високо, едно четири спрата треба да е високо, ти текнува како полукружни оние, како се викаат не знам,
МЈ: Куполи
НГ: Е, да направи барем едно метар и пол балкон, на тоа, тоа е едно 25 метри дугачко и метар и пол унатре длабоко.
МЈ: Аха
НГ: Другото е горе-доле ок. И треба скалите малце да ги подобри. Имаат они една слика урнек, за скалите, таа е со многу скулптури, многу е убава, таа може
МЈ: Рокови некои му дадовте?
НГ: Дали му даво рок? Не му дадов.
МЈ: Оти ограничен е со рок тој, затоа. Ај јас
НГ: Знам. Ти нагази го за рокови
МЈ: Добро.
НГ: Кога ќе се видиме ќе ти објаснам точно вака, не знам сега дали ме свати.
МЈ: Отприлика
НГ: Од столбовите од страна што се, ги залепил до собите, за да искористат квадратура до даска. А се работи за, у суштина, за губење на само 150 квадрати. Од цела зграда, којашто е 20-25 илјади.
МЈ: Еркери може да пушти.
НГ: Како?
МЈ: Еркер да пушти може, како еркер да биде малку.
НГ: Не знам што е тоа еркер
МЈ: Од грдежната парцела како што е, малце нанапред да појде, да пушти
НГ: Не знам дали има земјиште за да пушти еркер
МЈ: Добро, ќе видам со него. Генерално разбрав.
НГ: Во секој случај барем метар и пол да има балкон унатре којшто е висок четири ката а широк е, иде 25 метри, едно 5 соби му фаќа да речеме од хотелот.
МЈ: Да ама ќе се добие на убавина така…
НГ: Многу ќе се добие на убавина И за скалите имам една слика ќе ти ја покажам, ќе ти пратам копија, слични се на оваа што е тука нацртано, не е како на она на Валентина, али и овие се океј. Ова на Валентина не може затоа што ние сме го предвидувале вториот кат, приземје па втори…
МЈ: Да..
НГ: Први па втори, а сега викаат дека ќе го дадат првиот кат, значи приземје па први и затоа мора вакви скали
МЈ: Добро, сабајле ко ми пишевте порака си вика шо з..овој Мето
НГ: Абе да го видиш тоа трирето што го направил, коса на глава ми се крена коа го видив
МЈ: Океј, ќе го притиснам јас за рокови
НГ: Притисни го за ракови

3.Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Абе сакаме позади новата зграда на МНР
МЈ: Добро
НГ: Пред таа зградата на Алпине што ја викаме, да направиме една фонтана со обелиск. Имаме идеја точно како да ја направиме. Е сега, сакам да им ја утрапиме на тие што ќе градат зграда да имаат обврска да ја направат и фонтаната. Дали ние да отвориме конкурс, за да видиме како ќе изгледа или како да направиме?
МЈ: Вака, јас, нели се договоривме да објавам конкурс за хотелот, можам у пакет и за ова, значи хотел и фонтана, во конкурсот да влезат, двете во пакет.
НГ: Не знаеме дали ќе биде хотел. Може ќе, гледам, мене ми е битно убава зграда да биде. Комерцијална ми бара зграда, ЕВН ми бара зграда, може да биде и така, некој деловен објект, ама да биде у пакет со фонтаната. Е сега, како да изгледа фонтаната ние веќе имаме слика како да изгледа.
МЈ: За до, МНР
НГ: Една тука фонтана има во Рим, со обелиск, многу убава, сакаме тавка да биде, ама како тоа да го изведеме, дали претходно да направиме идејно решение или како?
МЈ: Аха, не сакате тука хотел да биде, тоа отпаѓа, тука сакате друга зграда? Оти до МНР, во продолжение…
НГ: Ќе видиме, значи не знам дали ќе биде хотел, може ќе биде ЕВН, може ќе е Комерцијална банка зграда, и двете сакаат да градат зграда. Битно ќе биде убава зграда, кој и да ја направи ќе му кажеме како да изгледа, ме сваќаш?
МЈ: Да, добро е да има минимум идеен проект, за да му се даде на идеен инвеститор, и во измената на ДУП-от да се стави во рамките на парцелата, за да има обврска тој да ја гради, да биде во рамките на неговата парцела, а ние да му дадеме …. и во самиот ДУП да го задолжиме, согласно идеен проект тој и тој. Ќе се слушнам јас со Аце да му го објаснам ова, да го стави во самиот проект.
НГ: Кој Аце?
МЈ: Овој од општина Центар нели се менува планот сега
НГ: Му кажав јас на Аце да го стави во ДУП, сега му се јавив. Ќе го стави во ДУП.
МЈ: Добро ама во рамките на самата парцела да има фонтана и да мора да ја гради.
НГ: Аха. Е, тоа кажи му го ти, важи.
МЈ: Ок.
НГ: И фонтана и обелиск. 20 метра висок обелиск
МЈ: Добро, ок.
НГ: Столб, знаеш она…
МЈ: Да да добро ајде

4. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле шо праиш?
МЈ: Добар, на работа сум.
НГ: Абе ова го забораивме, кулата на Водно
МЈ: Епа, ве потсетил и Боби коа бил кај вас…
НГ: Ме потсетил ама мене нешо ми се вртеше у глава дека ја и ти ќе имаме состанок и му икам еве утре се глеам со Миле имам состанок, после укапирав дека нема таков состанок
МЈ: Да ви ги пратам идејните решенија уште еднаш или ги имате?
НГ: Кој знае кај ми се по некои ќеси него да пројдеш некако да одбереме една и ај чао пријатно.
МЈ: Сега?
НГ: Па не сега, утре задутре…
МЈ: Ајде утре ќе поминам, важи…
НГ: На 10 минути, види со секретаркава убаци се…
МЈ: Важи…
НГ: Измеѓу состанок или нешо така. Ќе го викнеме и Мартин и уште еден двајца, Славе танге…
МЈ: Хахаха…
НГ: И, да пресече шо ќе му ја тупиме сеа ќе гледаме ќе праиме, ги видов тогаш не можев да се одлучам, ми треба малце вака лаф муабет со луге и да одличиме…
МЈ: Важи
НГ: И нека… и кажи Боби што мисли, неговото мислење да го чуеме, сигурно он повише време посветил…
МЈ: Важи, Јас во сабота за катнава да го пуштам ова за идејно решение? Денеска…. утре ќе го средам ќе го пуштам…
НГ: Која катна сеа извини?
МЈ: За ова што ми рековте, катната во Центар, нели ми се јавивте пред некој ден… нели ми рековте за идејно решение да пуштам за проект како да изгледа
НГ: Да, да, да, да….
МЈ: Добро…
НГ: Таа каде воо.. ваму кај…
МЈ: Во Центар
НГ: Јасно, да, идејен ама да пишува барок или класицизам
МЈ: Ми даде Славе слики, тие ќе ги стаам…
НГ: Хаха, какви слики ти даде?
МЈ: Од американ, вие ми рековте со Славе да се консултирам
НГ: Ама чекај, тие се згради, тие не се катни гаражи
МЈ: Добро ама како стил, да го видат стилот, чисто како пример
НГ: А, барок ти даде ли?
МЈ: Да, такви ми даде
НГ: Какви, барок или класицизам? Со столбови ли се?
МЈ: Барок мислам дека се
НГ: Барок ти е едно, класицизам е друго Миле. Тие од Вашингтон се класицизам. Тие со столбовите како оваа Уставен суд што е столбови
МЈ: Е такви да, такви се
НГ: Тие се класицизам. Треба и барок да стаиш ама како да напраиме…
МЈ: Ќе ги ставам и овие што се од проектов, цеклиот проект неколку.. ги иаме ние од порано
НГ: Стај ги тие од проектот и извади барок, извади од Виена од Прага од Париз, барок има сегде
МЈ: И ќе му напрам и на Чинго тендерската за да пушти и тој за неговата
НГ: Е па еве ко ќе доеш да ги видам и сликите
МЈ: Важи
НГ: И да ги пуштиш после…
МЈ: Важи, океј…

Би можело да ве интересира

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице