(ВИДЕО) Манчевски: Груевски бирал и платно за седиштата на автобусите

Од:

СДСМ пред Владата објавија снимка за која беше кажано дека е разговор помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески.

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски кажа дека Груевски како премиер ги избирал и штофовите за седиштата во автобусите.

– Овој човек се занимавал и со дизајнот на новите автобуси на ЈСП Скопје. Бирал платно за седиштата на автобусите. И она што му е пасија-како во мерцедесот сака телевизорчиња и за автобусите. Бара и нешто портокалево како симбол на времето кога биле набавени.

5. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ги гледав овие на цедето, ми изгледаа океј
МЈ: Океј, океј се само јас имам една забелешка кај предната гума, многу е големо то како, то моторот кај шон е внатре па естетски им реков да го направат инаку океј е
НГ: Шо е многу?
МЈ: Вака визуелно многу лошо изгледат, по естетски можат да направат да не изгледа многу, да не бидат многу големи рабовите и така натаму…то во целина
НГ: Ама да личи као што било
МЈ: Не, не не, долу кај… не се гледа тоа значи… каросеријата напред, не се менува во формата само напред, предната гума има едно квадратче големо не знам дали го видовте…
НГ: Не го видов да ти кажам, до толку не… е сеа унатре дали да биат такви со платно столициве, тоа не знам
МЈ: А, му реков да направат на ЈСП дизајн унифициран да биди и за украинските и за овие, да не се разликуваат внатре..и очекувам до крајот на неделата да да ми го дадат тој, околу внатре околу столчињата зошто…
НГ: Малку ми е така многу…
МЈ: Селски…
МЈ: Ми е материјалот…
НГ: Значи поубаво по естетски убаво нешто…
МЈ: Да, пласитиката значи да биде, треба да биде пошто е таа е… најзидржлива е таа како таква…
НГ: И да удриме нешто портокалово вака да, како симбол на времето, во коешто се набавени
МЈ: Внатре тапацирот?
НГ: Па не знам сеа да… не мора ама така ми текна сеа…
МЈ: Можи рачките…а ова за држење што се тие тука.. внатрешно ќе има време да се доработува од дизајнот тоа е најмал проблем
НГ: Телевизор ќе има ли?
МЈ: Уф не знам, мислам дека не. Има камери 100 посто, има радио…
НГ: Зошо се камерите?
МЈ: Камерите од безбедносни причини, се ќе можи да гледа шоферот и можи да се напрај систем за снимање внатре, две камери има
НГ: Аха…Значи камери има, друго што има?
МЈ: Шоферот долу за да може да ги гледа тие горе. Клими има, музика има табли ќе има информативни…
НГ: Какви табли?
МЈ: Нешто ако сакаме да… ова што се договоривме и тоа одма му кажавме денеска да можи да се брендираат, телевизор мислам дека нема
НГ: А дали ќе може унатре да се ставаат реклами?
МЈ: Е па тоа напред ќе, ќе….
НГ: Не само од надвор него и од внатре, знаеш у Лондон у метро коа сме се возеле, цело е унатре горе у ќошевите над таквото има реклами
МЈ: Тоа можеме да го стаиме…ќе има за шоферот тоа како информативна табла има еден простор тука, рачките можи исто така ама тоа…
НГ: Ама, кој ќе ја чита таа информативна, а? Каква ќе биде таа? Со некои ситни букви?
МЈ: Па информативна што сакате можете да ставите исто како мини…така има еден
НГ: Аха…Значи за некои телевизорчиња нема можност а?
МЈ: Мислам дека нема во тендерот такво нешто
НГ: Добро
МЈ: Убај се вака…
НГ: Музика има?
МЈ: Има има то има…
НГ: Какво е озвучувањето? Го слушна?
МЈ: Не, не, не тоа не го слушнав
НГ: Тоа е исто битно да не биде некад да хрчи
МЈ: Можам да ја видам спецификацијата
НГ: Океј
МЈ: Го видовме како наместено
НГ: Добро, добро, поздрав
МЈ:Чао

Би можело да ве интересира

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски