Малолетник запали палма во Велес, штета 500 евра

Од:

Петнаесетгодишен малолетник од Велес запали палмата во „Младинскиот парк“ со што причини материјална штета од 500 евра.

СВР Велес го документираше настанот од 12-ти јуни годинава, кога во 23:50 часот малолетникот во „Младински парк“ во Велес со запалка ја запали обвивката-кората на едно од засадените дрва-палма. Малолетникот во моментот бил во друштво со уште неколку другарчиња и според информациите од љубопитност ја запалил палмата, која подоцна е изгасната со интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес.

Родителот на малолетникот заедно со малолетникот веднаш се повикани во просториите на Полициска станица Велес, каде е извршен разговор. Настанот ќе биде доставен до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски