Малолетник во Скопје со нож десетпати го прободе сопствениот татко

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен судија за деца поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема 17-годишно дете во судир со законот, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело Убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Вршејќи семејно насилство во сопствениот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје, малолетникот со умисла се обидел да го лиши од живот својот татко.

Додека таткото бил во спалната соба, детето му пришло зад грб и со остар предмет му нанело 10 убодни рани.

Во близина била мајката, која успеала да го оттурне детето и веднаш да повика медицинска помош.

И по извршен оперативен зафат на Клиничкиот центар Мајка Тереза”, таткото е во животозагрозувачка состојба.

Со барањето за поведување подготвителна постапка во согласност со Законот за правда за децата, јавниот обвинител предложи на малолетникот да му биде определена и мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Обид за убиство со нож среде бел ден во Струга, уапсени се двајцата извршители

Горан Наумовски

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

МВР: Притворен е малолетник кој е осомничен за убиство

Во сообраќајка тешко повреден е малолетник во близина на Крива Паланка

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски