Малолетници истепани од таткото на дете што го нападнале, сите пријавиле во полиција

Од:

Родители на две деца вчера во полиција пријавиле дека во училиштето во село Табановце 43-годишниот И.С. ги нападнал малолетниците. Во текот на денот, но неколку часа подоцна, пријавениот пак во полиција поднел пријва дека неговото дете било нападнато од ученици од девето одделение.

– На 17.03.2023 во 14.50 часот С.В.(33) од с.Четирце пријавила дека околу 09.20 часот во основно училиште во с.Табановце, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И.С.(43) од с.Горно Којнаре. Истиот ден, во 15.10 часот С.С.(41) од с.Горно Којнаре пријавил дека во училиштето неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.С.. Додека, околу 16.10 часот И.С. пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од ученици од деветто одделение. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, се наведува во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода