„Мал битолски Монмартр“ по 31-ви пат

Од:

Пред националната галерија во Старата битолска чаршија, вечерва свечено ќе се отвори меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ по 31-ви пат. Домаќин и организатор ќе биде детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола.

Потоа ќе биде отворена светската ликовна изложба со 844 од вкупно 10.062 ликовни творби на деца од 19 држави во светот, и ѓе се доделат наградите за најдобрите ликовни колекции и поединечни остварувања.

Учениците од богословското православно училиште „Венјамин Костачи“ од Манастиреа Неамт, Романија се добитниците на главната награда „Гран при“, а специјални колективни награди ќе им бидат врачени на „Арт-училиште“ од Пекинг, Кина и училиштето „Ладислава Станчека“ од Превидза, Словачка.

Во рамките на колонијата ќе се одржи ликовен хепенинг на тема „Олимпијадата во очите на децата“. Најдобрите творби ќе бидат изложени на летните Олимписки Игри во Лондон. Детската ликовна колонија ќе трае до 30 – ти мај.

Би можело да ве интересира

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво