Максим Димитриевски: Пендаровски, разликата е огромна, откажи се и остави не да победиме во вториот круг

Од:

Кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски вели дека е горд на секој еден глас од над 80.000 кој ги добил денес во првиот круг на претседателските избори.

„ Со ова покажавме дека ЗНАМ стана третата политичка сила во Македонија. Денеска победи демократијата и јас им честитам на сите противкандидати за освоените гласови, но и за кампањата која што ја водевме“ изјави Димитриевски.

Запрашан што мисли кој ќе се најде во вториот круг Димитриевски рече дека како што покажуваат бројките тоа ќе се Пендаровски и Сиљановска Давкова. И упати порака како што кажа до најодговорниот во државата, актуелниот претседател Стево Пендаровски.

„ Почитуван мој претседателе разликата е огромна доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во името на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.


„Ја користам приликата пред се да се заблагодарам на сите оние кои го дадоа својот глас како што сметаа. Денеска ЗНАМ испишува нова политичка историја на политичката сцена. Се роди третата политичка сила во политичкиот блок која имаме намера во следниот период да ја потврдиме и надоградиме за еден ден граѓаните да можат да бираат нешто ново. Да се заблагодарам на сите граѓани кои ми ја дадоа поддршката, но и за сите оние кои гласаа за моите противкандидати. Денеска победи демократијата, победи Македонија. ЗНАМ има за цел да ги обединува, а не да разединува граѓаните“ порача Максим Димитриевски

Димитриевски рече дека по парламентарните избори ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата и партија без која нема да може да се формира идната Влада.

„При отпочнување на преговори за следно парламентарно мнозинство, сите наши предлози на хартија ќе им ги дадеме на сите партии кои ќе сакаат да формираат влада – предлози кои се црвени линии за државата со кои целта ни е да се постигне не само национално единство, туку и братство и обедунување на сите во државата, а оние кои се огрешиле на крајот на денот ќе ја извлечат поуката“, изјави Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Излези Венко на тв дуел со мене, викни го и Заев напомош

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развој на домашното стопанство

Димитриевски: Ден исполнет со средби и искрени разговори со граѓаните на Куманово

Горан Наумовски

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот во коешто покрај локалната ќе се развива и регионалната економија