Македонско момче кое се здобило со тешка повреда на вратен пршлен по пад од тобоган во Бодрум, Турција, утре ќе биде транспортирано во Македонија со владиниот авион.
Од Службата за општи и заеднички работи потврдија дека денеска се вршат последните подготовки за транспортот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за неговото безбедно враќање во земјава.
Момчето во моментов е хоспитализирано во Турција. Поради сериозноста на повредата, неговата здравствена состојба не дозволува транспорт со редовен комерцијален лет, ниту пак со возило.
По завршувањето на подготовките, транспортот со владиниот авион е планиран за утре.
