Македонија на суд ја бара амбасадата во Будимпешта

Од:

Македонија води судски спор за зградата на македонската амбасада во Будимпешта, пред Вишиот суд во Будимпешта, Република Унгарија, јави Канал 77.

Според радиото, ова е само од еден од четирите меѓународни судски спорови во кои е вмешана нашата земја.

Според податоците на Државното правобранителство, во 2013 година, Јозо Капетановиќ и други од Тиват ја тужеле Република Македонија и Министерство за труд и социјална политика пред Основниот суд Котор во Република Црна Гора. Извесна Аленка Песек ја тужи Република Македонија и Амбасада на Република Македонија пред Основниот суд во Љубљана, Република Словенија.

Судски спор против Република Македонија и модната конфекција „Астибо“ Штип се води пред Основниот суд во Белград.

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

Брисел размислува за европска дипломатска академија

А1он

Промоцијата на книгата „Културна дипломатија: уметноста, фестивалите и геополитиката“

Ана Ололовска

Кристијан Тимоние нов амбасадор на Франциија во Македонија

Емир Латифовиќ

Чешкиот претседател Земан во јуни во посета на Македонија

Емир Латифовиќ

Руската амбасада организираше изложба за победата над фашизмот

Емир Латифовиќ