Македонија го одбележува Денот на НАТО

Од:

Во Скопје денеска ќе биде одблежан Денот на НАТО, односно денот кога пред 67 години беше формирана Северноатлантската алијанса.

На свеченоста во Домот на АРМ, како што е најавено, ќе се обрати министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски.

На одбележувањето што го организираат Министерството за одбрана и Евроатлантскиот совет на Македонија, ќе бидат презентирани историјата, вредностите и целите на НАТО, како и значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.

Денот на НАТО е настан што традиционално се одбележува во сите земји-членки на Алијансата, како и во земјите-партнери. На овој ден 1949 година, 12 земји, во Вашингтон го потпишаа Договорот со кој се конституира Северноатлантската алијанса.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници