Македонија го одбележува Денот на НАТО

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери ќе се обрати на одбележувањето на 4. Април, Денот на НАТО, што ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје.

Настанот, во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија, а под покровителство на Министерството за одбрана, е дел од проектот „НАТО недела – обезбеди ја иднината“ чија основна цел е одбележување на Денот на НАТО, промоција на историјата, вредностите и целите на Алијансата, како и истакнување на значењето на евроатлантските интеграции за Република Македонија.

Денот на НАТО е настан кој традиционално се одбележува во сите земји-членки на НАТО, како и во земјите-партнери. На овој ден во 1949 година во Вашингтон, 12 земји го потпишале Договорот со кој е конституирана Северноатлантската алијанса.

Би можело да ве интересира

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО