Македонија ги осудува насилствата во Сирија

Од:

Република Македонија уште од почетокот на сириската криза силно ги подржуваше напорите на меѓународната заедница за ставање крај на насилството во Сирија.

Во таа насока, ние ја подржуваме работата на инспекцискиот тим од ОН, чија задача е прибирање на дополнителни докази за употреба на хемиско оружје, што предизвика смрт на стотици невини цивилни лица, се наведува во соопштението од македонското МНР за актуелната состојба во Сирија.

Земјава се придружува кон меѓународната јавна осуда на ваквиот чин со кој се повредуваат основните меѓународни норми. Таквите нарушувања не смеат да останат неказнети, се вели во оопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

Ал-Шара од Москва ќе бара да го екстрадира соборениот сириски претседател Башар ал-Асад

Асад преживеа труење, случајот предизвика бројни шпекулации

Нетанјаху: Израел нема намера да се откаже од тампон зоните во Сирија

Израелски напад во близина на Дамаск загинаа осум сириски војници

Израелски беспилотни летала ликвидираа сириски војници

(ВИДЕО) Американската војска уби висок лидер на ИСИС во Сирија