Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, на јужната коловозна лента, загина македонски државјанин, а уште еден е повреден јавуваат хрватските медиуми.

Известувањето за несреќата било примено во Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа Брод-Посавина околу 19:10 часот.

Починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички информираат хрватските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Другата жртва, која е повредена во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал во автомобил кој излетал од патот.

Увидот на полицијата е во тек, по завршување на истрагата ќе се знаат сите околности поврзани со несреќата и причината за слетувањето од коловозот.

Би можело да ве интересира

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Хрватски „Рафал“ пресретна авион на „Финер“ означен како потенцијална закана

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

ВИДЕО: Торцида пееше: „Ана Франк не е светица. Таа е еврејска ку*ва