Македонец обвинет во Лас Вегас за криминал со кредитни картички, му се закануваат до 40 години затвор

Од:

Јордан Георгиевски, македонски државјанин кој е еден од 50-ината обвинети во големата операција на американската Тајна служба против компјутерски криминалци, се изјасни како невин на првиот ден на судењето против него во Лас Вегас. Георгиевски (41) беше екстрадиран во САД од Албанија, каде беше уапсен во јули 2014 година.

Судијата Џорџ Фоли му одреди продолжување на мерката притвор на Георгиевски, на кого, според американските медиуми, му се закануваат најмногу до 40 години во затвор. Тој е обвинет дека тргувал со украдени податоци од кредитни картички и изработувал лажни картички со кои биле подигнувани средства. Целата операција се одвивала преку интернет порталот carder.su. Георгиевски е обвинет дека под псевдонимот „девица” тргувал со лажни картички. Вкупната штета нанесена преку интернет страницата carder.su, која имала околу 7.000 корисници низ целиот свет, се проценува на 50 милиони долари.

Во март 2007 година американската Тајна служба воспоставила компанија базирана во Лас Вегас под името Селтик Новелти која почнала да ветува брза испорака на лажни американски документи за купувачи од целиот свет преку интернет страницата. Голем број од корисниците на лажните податоци од оваа страница се поврзале со американската компанија, што им овозможило на американските власти да соберат податоци за нив, да ги идентификуваат и лоцираат. Вистината за Селтик Новелти, дека се работи за тајна операција на американските власти, стана позната во 2012 година, кога Тајната служба најави дека ќе почне со апсењето на обвинетите фалсификатори на картички.

– Целта на операцијата е да се растури организацијата carder.su, а во исто време да се предупредат сличните организации дека, дури и ако дејствуваат надвор од САД, нема да бидат слободни од американското правосудство, соопшти американската Тајна служба при почетокот на операцијата.

Вкупно 30 од 55-те лица обвинети за учество во илегалната трговија со лични податоци, броеви на кредитни картички и лажни документи се осудени, доека преостанатите се во бегство или во тек е нивното судење. Јордановски, пред судот во Лас Вегас, се изјаснил дека е учител. Потрагата по него одела преку Интерпол од февруари 2014 година. Американската Служба за имиграција и царина соопшти дека екстрадицијата била извршена со помош на канцелариите на службата за безбедност од Виена и Атина и канцеларијата на Интерпол во Тирана.

Би можело да ве интересира

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска