А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонците во Мала Преспа и Голо Брдо Новата Година ќе ја дочекаат без струја

by А1он31/12/2014 - 12:54104
Share0

Високата снежна покривка и поларните температури кои ја зафатија Албанија ги отсече областите населени со македонско население, а некои од нив останаа и без електрична енергија.

Добивај вести на вибер

Областа на Голо Брдо, која опфаќа 22 села со над 12 илјади жители, поради обилните врнежи на снег е целосно изолирана, руралните патиштата се непроодни, освен ниските температури кои синоќа стигнаа до  -20 степени, проблем преставува и прекинот на електричната енергија поради паднати бандери и искинати проводници.

Бесник Хасани, претседател на македонското друштво „МОСТ” од Требиште, за весникот „Македониум“ изјави дека сите патишта во општините, Требиште, Острени и Стеблево во областа на Голо Брдо се блокирани и дека единствено прооден е патот од Требиште до граничниот премин Требиште-Џепиште.

– Снегот и ниските температури ни донесоа големи проблеми и освен тоа четири дена сме без струја и не знаеме кога надлежните институции ќе ги поправат дефектите. Добро што е прооден патот до граничниот премин Требиште-Џепиште па така барем жителите на селото Требиште може да одат во Дебар да пазарат и да ги наполнат мобилните телефони“, изјави Хасани за „Македониум“.

Поради обилните врнежи на снег во Општина Пустец, областа на Мала Преспа, паднати се неколку бандери и искинати се проводници кај село Туминец и село Зрноско па така три дена нема електрична енергија. Надлежните институции не превземаат ништо за санирање   на дефектите бидејки се ангажирани во други општини во Корчанскиот округ каде што има прекин на електрична енергија и не се знае кога Мала Преспа ќе се снабди со електрична енергија.

Националнот пат Семблак-Горица кој минува низ Мала Преспа е исчистен од снегот, сообраќајот се одвива во отежнати услови кон Корча и Македонија, освен во делот на Бигла, каде патот е замрзнат и неопходно е возилата да користат зимска опрема односно синџири за минување на овој дел.

Во областа Гора во околијата на Кукс престанаа врнежите од снег и од денеска прооден е патот од градот Кукс до центрите на општините Шиштавец и Запот, додека руралните патишта помеѓу селата во општините Запот и Шиштавец во областа Гора се блокирани.

Снежното невреме кое ја зафати Албанија отсече повеќе региони и остави без струја повеќе општини во северниот и југоисточниот дел од земјата.

struja

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Горан Наумовски03/10/2025 - 13:42

Неколку скопски општини без струја

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 08:56

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Горан Наумовски05/09/2025 - 13:04

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 18:32

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 15.08.2025 изнесува 73,22 евра за мегават час, на МЕМО 83,07 евра за мегават час

Горан Наумовски15/08/2025 - 13:11

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 08.08.2025 изнесува 77,96 евра за мегават час, на МЕМО 71,63 евра за мегават час

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен