Магливо утро и сонце преку ден, од утре дожд и снег

Од:

Утрово има магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Како што соопшти УХМР, од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми.

Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

Би можело да ве интересира

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Од денеска дожд, петок и сабота со поинтензивни врнежи

Температури до 27 степени денеска, од утре попладне врнежливо

Студено утро, сончев ден со температури до 25 степени

Променливо облачно и посвежо и денеска и во викендот, подобрување од понеделник