Магла на повеќе патни правци и планински премини

Од:

Намалена видливост до 50 м. поради магла има на планинските премини Ѓавато и Пресека, како и во Страцин, Прилеп, Кочани и Струмичката котлина.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, и ќе трае до 15.3.2025 година.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Магла на Плетвар, влажни коловози

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес

Отежнат сообраќај поради магла кај Тетово и одрон кон Струмица

Магла на повеќе патни правци

А1он