Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец – Маврови Анови и во Крушево

Од:

Поради појава на магла, има намалена видливост од 60 до 70 метри на планинскиот превој Стража, до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, од 15 до 20 метри во Крушево и до 20 метри на патниот правец Бунец – Маврови Анови, информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Сообраќајот на државните патишта, додаваат, се одвивал непречено, по претежно влажни коловози. На одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури можна била појава на поситни одрони.

Од претпријатието апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

– Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502, појаснуваат од претпријатието.

Би можело да ве интересира

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес

Отежнат сообраќај поради магла кај Тетово и одрон кон Струмица

Магла на повеќе патни правци

А1он

Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите