М-НАВ одбележува 20 годишен јубилеј

Од:

Контролата на летање на Република Македонија во изминатите 20 години безбедно и ефикасно опслужи повеќе од два милиона летови, соопшти денеска Македонска навигација – М НАВ,  која одбележува 20-години  од отворањето на Обласната контрола на летање Скопје и комплетното преземање на контролата на воздушниот сообраќај во македонскиот воздушен простор.

Минатата година се опслужени рекордни 159.094 комерцијални летови, а август е рекорден месец во историјата со 22.955 летови. Најмногу летови, 916, се регистрирани на 4 јули минатата година.

– Значаен факт што зборува за квалитетот и стандардите кои ги има поставено и кои М-НАВ постојано ги унапредува е тоа што во својата досегашна историја нема предизвикано доцнење на ниту еден прелет преку македонскиот воздушен простор, факт што е вистинска реткост во денешното презаситено европско небо, се вели во соопштението од М-НАВ.

По повод 20 годишниот јубилеј Управниот одбор на М – НАВ донел одлука да донира 200.000 денари на Сојузот за слепи лица.

На полноќ помеѓу 6 и 7 ноември 1996 година, Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба (ДЦВП) на Република Македонија ја презема во своја надлежност Обласната контрола на летање во Скопје. Од осамостојувањето на  Македонија во 1991 година, (ДЦВП) го презема обезбедувањето на услуги на контрола на летање во просторот на надлежност на аеродромската и приодната контрола на летање на скопскиот аеродром и аеродромската контрола на летање на охридскиот аеродром, но останатиот дел од македонскиот воздушен простор се уште е под контрола на тогашната југословенска Сојузна управа за контрола на летање. На 7 ноември 1996 година Република Македонија во целост ја презема контролата над своето небо и започнува да функционира Обласната контрола на летање – Скопје. Тоа значи дека Република Македонија од тој ден обезбедува услуги на воздухопловна навигација на сите воздухоплови кои летаат во целиот македонски воздушен простор. 

Би можело да ве интересира

М-НАВ потпиша меморандум за конзорциски настап на тендер за услуга во Европа

Емир Латифовиќ