Лутфиу на свеченост за дипломирањето на 13-тата генерација на Штуловиот универзитет

Од:

Техничкиот министер за образование и наука Пиштар Лутфиу учествуваше на свеченоста по повод дипломирањето на тринаесетата генерација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Рече дека е двојно почестен да присуствува на настанот – како поранешен студент на овој Универзитет и како актуелен министер за образование и наука.

– Имам невиден копнеж кога ќе ги погледнам моите почитувани професори на кои им се поклонувам со почит, ценејќи ја нивната неуморна работа во подготовката на новите генерации кон патот на успехот. Сигурен сум во тоа дека е дојдено време да се надминат пречките на минатото и силно да се работи кон зајакнување и зголемување на способностите и знаењата, кои се придружувани со толеранција и почит кон другиот како граѓанин на Европа, истакна Лутфиу во обраќањето.

Тој, меѓу другото, рече дека во соработка со меѓународните партнери и граѓанското општество, максимално се работи за иднината на Македонија и за иднината на младите генерации, настојувајќи, како што рече, еднаш за секогаш ги отстраниме политичките влијанија врз училиштата и универзитетите.

– Враќајќи ги овие образовни институции во храмови на отворено и слободно изразување и конструктивни дебати, затоа што само вака може да се движиме напред и како друштво и како нација, рече Лутфиу на свеченоста на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, порачувајќи им на студентите дека чинот на дипломирање е само половина од патот на еден започнат сон.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование