(ВИДЕО) „Лустрациска-Томе со бандата“

Од:

Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола и пратеник, на прес конференција објави разговор за кој рече дека се за процесот на лустрација

„Место лустрација добивме политичка сатанизација. Не се расчистува со неправдите од минатото туку се санкционираат неистомислениците. За нив Јанкуловска вели дека се Томе со таа бандата“, рече Ковачевски.

Лустрацијата, вели Ковачевски била усогласувана од Протуѓер.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Ало?

ГЈ: Да?

НГ: Горде, помина ли заклучокот на Томе Аџиев вчера?

ГЈ: Не Претседателе, јас додека бев не помина. Пошто мојата информација беше дека он со Мартин го усогласувал, до мене воопшто не беше доставен.

НГ: Е па џабе денеска го имаме кога нема Влада.

ГЈ: Јас не добив никаков заклучок. Нели требаше они да го усогласат…

НГ: Еве го кај мене е сега, ама што ако е кај мене кога седницата помина.

ГЈ: Ама не…

НГ: Му кажав у понеделник да ми го даде.

ГЈ: Е па што да кажам? Не е страшно, ќе го поминеме следната седница, а во меѓувреме тие што се побитни институции, нели вечер имаме состанок, ние, Архивот…јас ќе се чујам, денес планирав, со двајцава…

НГ: Кажи му: Томе задоцни, речи…И понеделник го утна, и вторник го утна, у среда ми го праќа.

ГЈ: Што…мислам, нас ни е позната таму динамиката, ама без заклучок јас ќе се изјавам кај најбитниве институции. Пошто најбитни се овие 4-5 институции, другите…општини, едно-друго ќе ги буткаме после…

НГ: Океј. Ќе ти го пратам за следната седница да го имаш под Прашања и предлози, исчитај го ти.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Ленче Самарџиевска

ГЈ: Да?

ЛС: Горде?

ГЈ: Ало, кажи Лено.

ЛС: А бе види, ја го барам овој, ама ти си го викнала веќе, не знаев дека…Томе Аџиев. Се утепав ѕвонејќи…. на крај…

ГЈ: Ааа, па ја на сите им се изјавив и му пишав на Премиерот дека им кажав.

ЛС: Ама знаеш јас му викам: кои се овие, што е финтава…гледам запишано ни а, ни б не ми кажа, вика: аа лустраторите викни ги, ова-она. Викам…не знам кои се, појма немам.

ГЈ: А јас па знаеш дека обично ги викаат од кај Трајко Вељаноски и сега, мислам не знаев дека ти си на работа, да не нејќе Премиерот цела Влада да го дознае кој доаѓаат, му пишав порака: Им јавив на сите.

ЛС: Не, му кажав јас сега на Томе, му викам: Ве молам викнете ги, не знам кои…

ГЈ: Да, да..

ЛС: Вика ми се јави мене Министерката

ГЈ: ….си знае…

ЛС: А кој треба друг да дојде? Сега ме прашува Сашо….

ГЈ: Значи треба вака: Томе со таа бандата од кај него, он ќе им каже на нив…

ЛС: Добро…

ГЈ: Зоран Тодоровски, јас му кажав, ама ако, јави му се и ти, не е проблем.

ЛС: Добро…

ГЈ: Сашо и Тони Јакимовски од кај него, Билјана Бришковска и ….

ЛС: Чекај, Тони Јакимовски овој…кој Тони Јакимовски? Од кај Сашо некој?

ГЈ: Тој што му е шеф на Кабинет на Сашо.

ЛС: Добро, Билјана Бришковска…

ГЈ: И јас и Зоран Тодоровски.

ЛС: Значи…

ГЈ: Обично доаѓа и Трајко Вељаноски, ама он е на пат негде у странство.

ЛС: Аха, да. Ти, Сашо, Тони Јакимовски, Билјана Бришковска и Зоран Тодоровски.

ГЈ: Да. И овие лустраторите, тие се друга екипа.

ЛС: Добро.

ГЈ: А за друг пат некогаш ако ти треба и Трајко доаѓа, ама он денес не ти е тука, во странство е.

ЛС: Да ми кажа. Добро, важи Горде, фала ти.

ГЈ: Океј.

ЛС: Ајде, поздрав.

ГЈ: Да, тоа е ја одма ти ја завршив работава…

ЛС: Ха ха, фала, фала.

ГЈ: Ајде, чао Лено.

ЛС: Чао.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски