Локализиран пожарот во Делчевско

Од:

Локализиран е пожарот кој избувна вчера попладне на месноста Бајас Тепе во областа Средна под планината Голак.

Драган Балас од Центарот за управување со кризи од Делчево информира дека во гаснењето на пожарот се вклучени околу 70 луѓе.

– Според последните информации од теренот во голем дел пожарот е локализиран. РЦУК останува на терен и ние сме во координација со сите сили и надлежни органи. Во гаснењето на пожарот активно се вклучени екипи ид ЈП „Македонски шуми“ од Делчево и Пехчево, противпожарни екипи од Делчево и Македонска Каменица, а во соработка со општина Делчево се ангажирани екипи од ЈПКД „Брегалница“ и од училиштата во Делчево, рече Балас.

Тој нагласи дека горат околу 70 хектари борова и нискостеблеста шума. Се смета дека пожарот е подметнат бидејќи почнал на неколку места.

– Пожарот е подметнат, но изненадува фактот што локалното население не сака да се вклучи во неговото гаснење, рече Балас.

Делчевските пожарникари вчера интервенирале во гаснењето на уште два пожари. Во атарот на селото Вирче во месноста Могила, каде била зафатена дабова шума на околу 60 декари и во пожарот кој избувнал покрај објектот Стар монопол во Делчево, каде сопствениците запалиле оган со цел да го исчистат ендекот по што тој се проширил и изгореле околу 1 кубик греди.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево