Лимани: Историјата за ОНА не може да се избрише, министерката требаше да е малку повоздржана

Од:

„ОНА не може да се избрише како историја, а ние нејзините основачи и да сакаме да ја избришеме, нема да го постигнеме тоа“ изјави министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани во одговор на новинарско прашање за изјавата на министерката за образование, Весна Јаневска за споредбите на комитите и УЧК.

– Мојот татко е загинат како бранител. Историјата не може да се избрише. Министерката требаше да биде малку повоздржана во овој правец. Таа самата во вториот дел на изјавата спомена дека сите мајки од двете страни, беа изгорени од војната во 2001 година. Сепак тоа го оставам на нејзиното ниво, рече Лимани.

На прашањето дали ќе се побара одговорност од министерката на владина седница, Лимани рече дека таа за својата работа одговара пред премиерот, но како што кажа, ако тоа го кажел првиот човек на Владата, ќе побарал одговорност.

За можноста тој да биде иден кандидат за градоначалник на општина Кичево од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ тој не даде прецизен одговор.

– Што се однесува до ВМРО, прашајте ги нив кој ќе им биде кандидат. Но, јас ви гарантирам дека наредниот кандидатот од ВЛЕН за Кичево ќе биде победник во изборите. Тоа ќе биде последниот удар врз диктатурата во последните 25 години, одговори Лимани во Гостивар.

Би можело да ве интересира

Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади