Лихвари од Неготино давале пари на заем со камата до 300 отсто

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд во Неготино достави Обвинителен предлог против три лица за продолжени кривични дела – Лихварство и Самовластие, како и против мајката на еден од обвинетите која им помогнала да ги прикријат кривичните дела.

Двајца 24-годишници од Неготино, во временскиот период од почетокот на 2019 година до 12.08.2021 година, по заеднички договор и со заеднички вложени средства и поделба на добивка, неовластено се занимавале со давање пари на заем со писмени и устни договори, притоа договарајќи и остварувајќи несразмерна имотна корист за себе.

Во наведениот период тие на тој начин оштетиле најмалку осум лица, на кои им позајмувале парични средства со обврска долгот да го враќаат со камата која се движела до 300% на годишно ниво.

Во повеќе наврати, искористувајќи исти прилики и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на оштетените, обвинетите преземале дејствија со намера самовласно да прибават право кое сметале дека им припаѓа по основ на каматите за дадените позајмици.

Во тоа им помагал и третообвинетиот на возраст од 22 години. До оштетените испраќале пораки со сериозни закани по живот, им се заканувале со пиштол, вршеле физичко насилство и на друг начин се обидувале да ги принудат да ги вратат позајмиците.

Третиот обвинет ја искористил и приликата што вршел превоз на патници со комбе за Германија, па ги фотокопирал нивните лични карти кои понатаму ги ставал на располагање на двајцата првообвинети за да обезбедат телефонски броеви со лажни имиња преку кои ги упатувале заканите до оштетените.

Четвртата обвинета, мајка на еден од првообвинетите, се обидела да ги прикрие парите за кои знаела дека се прибавени со кривично дело – Лихварство.

На 13 август 2021 година, по извршен претрес во нивниот дом и лишување на нејзиниот син од слобода, обвинетата веднаш отишла во банка и од сметката на синот ги подигнала сите пари.​​

Би можело да ве интересира

Двајца затвореници и нивните браќа добија кривична за лихварство – ги „намести“ мајка на друг затвореник

А1он

Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР уапси двајца лихвари, еден од нив бил полицаец

Горан Наумовски

Притвор за четворица лихвари од Неготино, изнудувале пари, запалиле возило

Катерина Ѓуровски