Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари

Од:

„Додека премиерот Мицкоски говори за „поддршка на наталитетот“, во пракса нивните неспособни функционери дозволуваат мајките да чекаат без основни средства. Скандалозни се информациите дека породилниот надоместок повторно доцни со недели, а Фондот за здравствено осигурување молчи“ соопштија попладнево од Левица.

Од партијата велат „денес е 25 април, а голем дел од мајките сè уште немаат добиено надоместок за март. Тие укажуваат дека од институциите добиваат неточни и променливи информации, најчесто дека „секој ден се очекува исплата“, која сепак не се реализира за сите. Исплатите се вршат селективно, по нејасни „групи“, без транспарентни критериуми. Некои мајки добиваат средства навреме, додека други чекаат две до три недели или повеќе. Не постои фиксен датум за исплата, туку секој месец мајките го дочекуваат со неизвесност“.

„Ова повторно ја докажува игнорантноста на десничарската власт кон мајките. Потсетуваме дека претходно пратениците на Мицкоски го одбија предлог-законот на Левица за забрана за отказ при бременост! Наместо системска поддршка за мајките кога наталитетот драматично опаѓа, десничарите на власт штедат токму на нив. Левица јавно ги прашува министерот за здравство Азир Алиу и директорот на ФЗО Сашо Клековски – зошто повторно доцни породилниот надоместок? Дали ова потврдува дека буџетот е празен поради расипничкото работење на власта и цехот за тоа го плаќаат мајките со неизвесност и несигурност?“ прашуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он