Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

Од:

Делегација на Левица денеска положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод одбележувањето на годишнината од неговата смрт.

Како што соопшти партијата, делегацијата ја предводеле членовите на Централниот комитет Андреа Јанков, Александар Димитријевиќ и Славко Митевски.

Од Левица порачаа дека Делчев не бил само војвода и организатор, туку и мислител со јасна визија за Македонија како држава на слободни и рамноправни граѓани.

„Делото на Делчев не смее да се сведува на протоколарни чествувања и декларативни изјави, туку треба да претставува жива идеја и водилка за политичко делување“, наведуваат од партијата.

Според Левица, во време на социјална неправда, економска нееднаквост и отстапување од националните интереси, пораките на Делчев се поактуелни од кога било.

Од партијата додаваат дека обврска на современиците е да ја продолжат борбата за достоинствен живот, социјална правда и вистинска слобода – вредности за кои, како што наведуваат, Делчев го дал својот живот.

Би можело да ве интересира

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он