Левица: Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати

Од:

„На Комисијата за економски прашања, пратениците од Левица започнаа со филибастер, односно долго говорење по претходно поднесените 1.000 амандмани кон предложените измени од ДПМНЕ по скратена постапка за Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, како нужност да се апелира за опасниот законски инженеринг кој треба да го легализира веќе постоечкиот хаос и грабеж во секторот на минерални суровини“ соопштија попладнево од Левица.

Од партијата велат „Податоците од Државниот завод за ревизија се јасни и не оставаат простор за политичка интерпретација. На пример, државата од дадената концесија за мермер добива само 1% од вредноста на продадениот производ за четири години. Во исто време, концесионерите генерираат многукратно поголеми приходи. Во истиот извештај се констатирани ненавремено наплатени надоместоци во износ од 1.174.809.000 денари, односно околу 19 милиони евра. Дополнително, утврдени се и помалку наплатени средства од над 21 милион денари. За овие долгови институциите не пресметуваат законска затезна камата. Тоа значи дека државата не само што наплатува минимално, туку не го наплатува ни она што ѝ следува!“.

„Системот за надзор е исто така компромитиран. Од 107 донесени решенија за отстранување неправилности, во 30 случаи не е извршен контролен надзор. Недостигот од кадар и техничка опрема директно влијае врз неможноста да се утврди реалната количина на експлоатација.
Ревизијата утврдува и конкретни случаи на експлоатација надвор од дозволеното концесиско поле – речиси 10.000 м² незаконски ископ! Во вакви услови, кога државата нема целосен катастар на минерални суровини, кога регистрите не се ажурирани и кога не постои стратегија за управување повеќе од една деценија, тезата дека со олеснување на процедурите државата ќе добие повеќе приходи е спротивна на сите расположливи факти! Олеснување на процедури во поданички систем со: ненаплатени десетици милиони евра, симболични концесиски надоместоци, слаб или речиси никаков инспекциски надзор, незаконски ископи – не значи зголемување на приходите, туку зголемување на ризикот од уште поголеми загуби, додека нашите природни богатства ќе ги снемува за трошки, а реките, почвите немилосрдно ќе ни се загадуваат“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он