Левица бара ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците

Од:

Законот за ограничување на патните трошоци што го поднесе Левица, в среда е на Дневен ред на собраниска седница. Левица како анти-естаблишмент партија, бара кратење на овие функционерски привилегии, почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците. Патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите, што создава неверојатна фрустрација кај народот, велат од Левица.

„Предлогот на Левица е патните трошоци да се пресметуваат спрема пазарната цена на 6,5 литри гориво на секои 100 километри изминати. Сметаме дека ова е далеку пореално и рационално решение, кое ќе биде прифатливо за целиот парламент, а ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет. За Левица одговара и нивно целосно укинување, но за да биде прифатливо за мнозинството, го предлагаме законот во оваа форма.

За потсетување, пратениците од другите партии сега земаат пари за амортизација, за патарини…Пратениците од Левица не земаат патни трошоци, затоа што сметаат дека платите на функционерите се доволно големи за да ги покријат овие трошоци.

Од пратеничката група на Левица никој не користи надоместоци за патни трошоци, ниту пак за кирии, иако имаме пратеници и од Гевгелија и од Струга, коишто се на екстремите на Македонија, од каде, всушност, пратениците земаат и по 800.000 денари за патни трошоци. Пратениците од Левица си плаќаат сами кирија во Скопје, од својата пратеничка плата.

Апелираме до мнозинството и до власта, на седницата в среда да го усвојат овој рационален закон за ограничување на патните трошоци! Тие средства може да се пренаменат за подобрување на квалитетот на живот на сиромашните и ранливи групи граѓани, како во здравствената, така и во социјалната сфера“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Левица: Осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор, правдата бавно доаѓа

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае