Летале куршуми кај Бит Пазар, оштетени прозорци од куќи и возила

Од:

МВР информира дека синоќа во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила „фолксваген артеон“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, во сопственост на А.С.(40) од Скопје, а исто така биле оштетени и прозорци од соседната куќа, во сопственост на Џ.Л.(35).

Повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од местото на настанот подигнати се чаури и предадени за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Мафијашки поздрав за Дачиќ: Министерот доби писмо со три куршуми

Почина скопјанецот кој беше застрелан кај Бит Пазар

А1он

(ВИДЕО) Оружен инцидент на Бит Пазар, едно лице е рането, а повредена е и жена

Горан Наумовски

ОЈО: Скопјанец „окупирал“ државно земјиште и го претворил во паркинг

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Ранет маж во близина на поликлиниката Бит Пазар