Ленче Ристовска пак извиси, Советот на обвинители повеќе му верува на Артан Ајро кој доби кривична за случајот со Сеад Кочан

Од:

Наташа Гоџоска и Артан Ајро денеска беа избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Гоџоска е обвинителката која се откажа од случајот со малата Тамара од Велес која почина додека чекаше операција на грбот во Турција.

Артан Ајро, поранешен колега на Ленче Ристовска од СЈО, прво беше избран за обвинител во Основното јавно обвинителество за гонење на организиран криминал и корупција, а сега ова му е второ унапредување.

Тој е еден од обвинителите кои добија кривична пријава од народниот правобранител Фехми Стафа за малверзации при конфискација на имотот на „Трансмет“ на бизнисменот Сеад Кочан од каде што во буџетот требаше да бидат вратени 17 милиони евра, но не се врати ниту денар.

Неговиот брат Дритан Ајро станал началник на МВР Струга додека е осуден на условна казна затвор, додека неговата сопруга Елеонора Ајро е судија во Управниот суд. За неа Антикорупциска има отворено предмет поврзан со нејзината обука во Академијата за судии и обвинители.

Тој доби повеќе гласови од обвинителката Ленче Ристовска која немаше доверба меѓу обвинителите во Советот поради нејзината изјава на научна конференција дека членови од таму тргуваат со влијание.

Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска.

Претходно, советот ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Елизабета Јосифовска од поранешното СЈО е новиот шеф на основоот јавно обвинитлетво Гостивар. Со девет гласа „за“ Јосифовска ја доби поддршката на советот и ќе управува со обвинителство во кое неодамна беше е избран и синот на спикерот Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

САД: Јавните обвинители побараа мирен трансфер на власта

Помина времето кога политичари можеа да влијаат на судии, вели Мицкоски

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

A1on

Здружението на јавни обвинители реагира по најавените законски измени за платите

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Штрајкуваат обвинителите – бараат зголемување на платите за 78 отсто

А1он