ЛДП: Тажен ден за Македонија – изразуваме искрено сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани и бараме одговори за причините

Од:

Либерално-демократската партија е во шок и неверување и изразува жалење и сочувство до семејствата и блиските на настраданите по страшниот пожар, кој ноќта помеѓу сабота и недела (15 и 16 март) го зафати клубот „Пулс“ во Кочани.

Македонија навистина не памети ваква трагедија. Згаснати се повеќе од десетици млади животи, уште повеќе повредени и цела држава повторно е завиена во црно.

Сведоци сме на стравичните видеа и фотографии кои пристигнуваат од Кочани и само ни додаваат на нашата тага и лутина.

Профитот и корупцијата повторно го земаа данокот, овој пат во млади животи. Додека сме во најтешкото исчекување за крајната бројка на жртви и повредени, прашуваме кој дозволил да се пушти објект во употреба доколку немал соодветни услови за тоа и продал повеќе билети од дозволениот капацитет на локалот?

Дали некој не извлекол поука од сите претходни слични и трагични ситуации како оваа и дозволил ова да се случи, за на крајот цела земја да биде во жалење и сите да бараме одговори како дошло до тоа.

Болката и тагата се навистина големи, особено кога знаеме дека се работи за млади луѓе, кои никако не заслужиле нивната викенд забава да се претвори во најголемата трагедија во државата.

Во ова тешко време, повикуваме на разум и емпатија со сите погодени од оваа трагедија. Бараме од надлежните брза и ефикасна истрага за да се утврдат сите факти и оние што дозволиле ваков грозоморен чин, во најбрз можен рок да се изведат и да одговараат пред лицето на правдата!

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“