Лазо Кутуровиќ шести пат најсреќен за Водици во Струмица

Од:

Лазо Кутуровиќ беше најсреќниот меѓу десетте верници кои скокнаа по светиот крст во водите на градскиот базен Аквариус.

– Се фрлам од 1998 година. Тоа го правам за здравје. Господ ми дава среќа и еве повеќепати стигнувам прв до крстот кој ми го чува здравјето. Ќе учествувам секоја година се дури можам, вели Куртовиќ.

На церемонијата учествуваа голем број граѓани, претставници на локалната власт, политички партии, граѓански здруженија.

Општина Струмица и заменик-градоначалникот Коста Костадинов на Куртовиќ му подарија реплика на најстариот крст најден во струмичкиот регион. Компаниите „ЗЕГИН“ и „АЛМАКС“ му подарија телевизор, оптика „Сфера“ рачен часовник, а златарница „Златко“ ланче со златен крст.

Во Струмица централната манифестација се одржа во црквата Св. Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје