Во текот на минатата година во земјава се превезени 40.413.000 патници, од кои 38.257.000 во градскиот превоз и 2.157.000 патници во меѓуградскиот превоз, објави Државниот завод за статистика врз основа на истражување за такси превоз со кој се опфатени 2.494 патнички автомобили од 114 извештајни единици.
Со овој број возила поминати се вкупно 74.394.000 километри, од кои 66.911.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот се поминати 7.483.000 километри.