Лабудовиќ: Во Центар формираме големо семејство – заедно ќе го вратиме животот и во нашето Скопје

Од:

Петнаесет месеци, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја водат државата и покажавме дека може поинаку. Кога ја формиравме владата, формиравме семејство. Семејство што го темелиме и негуваме со вистински вредности. Семејство што расте со доверба, со посветеност и со верба дека Македонија заслужува повеќе, им се обрати вечерва на присутните пред куќата на Мајка Тереза, кандидатот за градоначалник за Центар Мирослав Лабудовиќ, на митингот што го органзираше коалицскиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, а на кој беа претставени кандидатите за советници од оваа партија. Во говор во кој доби многу аплаузи и одобрување за искажаното од присутните.

Вечерва, рече Лабудовиќ овде во Центар, формираме уште едно големо семејство. Едно големо срце, едно заедништво, едно чувство дека заедно можеме да го вратиме животот, топлината и гордоста на нашите улици, на нашите маала, на нашето Скопје. Покажавме дека кога има љубов кон народот и чесна намера, може да се работи со срце.

Тој упати посебен поздрав до премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Движењето ЗНАМ – Максим Димитриевски, како што рече, личности ккои ја вратиле довербата и надежта кај народот и се негова лична инспирација , за чесност, храброст и доследност.

Лабудовиќ упати поздрави и до, како што го нарече, идниот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Зборувајќи за општината во изминатиот период тој упати серија критики кон актуелниот градоначалник Горан Герасимовски – личност кој ветуваше многу, а не направи ништо.

„Ветуваше ред, а донесе хаос. Ветуваше нови вредности, а работеше по старите шеми.

Во четири години издаде речиси триста дозволи за градба, а не направи ниту еден нов парк. Триста згради никнаа, ниту едно дрво не засади. Триста нови проблеми создаде, ниту еден не реши. Дебар Маало, Буњаковец, Капиштец – некогаш маала со душа и песна, денес загушени во прашина, бетон и апатија. Го изгубивме воздухот, го изгубивме зеленилото, го изгубивме човекот. Центар го претворија во паркинг за интереси и во полигон за блиски фирми“, потенцираше кандидатот за градоначанилник на Движењето ЗНАМ за Центар.

Лабудовиќ ја најави својата визија за тоа што ќе работи во идните четири годни, откако ќе застане на чело на општината.

„ Мојата визија е едноставна – Центар што дише. Центар каде мајките шетаат спокојно со своите деца, каде старите луѓе седат на клупа и зборуваат дека конечно некој направил нешто за нив, не за себе. Центар каде што културата ќе се врати на улиците, каде што училиштата ќе светат, каде младите ќе имаат причина да останат, не да си заминуваат. Центар со катни гаражи, со smart паркинг систем, со чисти тротоари и осветлени улици. Центар што ќе го почитува секој граѓанин, не само партискиот пријател. Знам дека го можеме тоа. Знам дека со љубов, работа и искреност, Центар повторно ќе стане срце на Скопје – гордо, живо и достоинствено срце. Но за тоа ми треба вашата сила. Вашиот глас, вашата верба, вашата енергија. Да покажеме дека Центар не е на оние што го узурпираа, туку на оние што го сакаат. Да покажеме дека Центар има свои луѓе, дека Центар знае да каже – доста беше!“ порача Лабудовиќ од митингот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар добива нов лик – вистински почеток на ред, безбедност и паметна мобилност

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар ќе обезбеди еднакви можности за сите

Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар и центарци знаат што е вистинска вредност

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

Лабудовиќ: Центар мора да биде убав, достоинствен и енергетски ефикасен