Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја истакна својата решителност да стави крај на хаосот во паркирањето кој со години го обременува секојдневието на граѓаните.

„Во Центар паркира кој каде ќе стигне. По тротоари, велосипедски патеки, до контејнери. Општината стана симбол за општ хаос и небезбедни простори за движење. Во нашата општина секојдневно циркулираат неколкукратно повеќе возила од тие што се во сопственост на жителите. За да паркираш тука треба да си магионичар,“ изјави Лабудовиќ.

Тој нагласи дека проблемот е јасен – Центар има очајна потреба од зголемување на капацитетот на паркинг места, но и од воспоставување нов систем кој ќе донесе ред и еднакви можности за сите.

„Ќе го прошириме капацитетот на постоечките паркинзи и ќе изградиме нови катни гаражи на најфреквентните локации. Но, ќе воведеме и смарт-паркинг систем со дигитална контрола и фер наплата. Така ќе дадеме еднакви можности за сите “ додаде Лабудовиќ.

Тој потенцираше дека клучната цел е воспоставување ред: „Паркирање по тротоари и велосипедски патеки не смее да има. Центар мора да има ред во паркирањето!“

Би можело да ве интересира

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски