Куновска на жителите од Бардовци и Злокуќани им вети проекти од витално значење

Од:

Кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Јагнула Куновска вечерва ги запозна жителите на Бардовци и Злокуќани со проектите кои ќе се реализираат во ова населено место, кои се во општинска надлежност, а и оние кои се во соработка со Градот Скопје.

– Ќе реализираме многу проекти кои ќе бидат од витално значење. Меѓу нив се проектите за реконструкција на ракометното игралиште, реконструкција на Психијатриската болница во соработка со Владата на Република Македонија, рече Куновска.

Таа вети нов зелен пазар за жителите на Злокуќани и Бардовци, изградба на фекална канализација, асфалтирање на патот до православните гробишта, како и промоција на локалитетот Скупи.

На денешниот мини-митинг се обратија и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Карпош Синиша Спасов, носителот на советничката листа на Карпош Сашо Лазаровски, како и советниците од Град Скопје Есма Реџепова и Ирена Мишева.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“