Кумановец управувајќи со „багер“ паднал во провалија и загинал

Од:

Вчера претпладне, околу 11 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во месноста викана „Долна ричка“, 65-годишниот С.С. од Куманово, при изведување градежни работи, односно управувајќи со работна машина „багер“ паднал во провалија и починал на местото на настанот, извести МВР.

– Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода