Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Од:

Кумановец пријавил измама тешка 43.750 евра поврзана со трговија со криптовалути, информира МВР.

Според пријавата, на 26 февруари 2026 година во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен жител на Куманово пријавил дека бил измамен откако преку социјална мрежа објавил оглас за откуп на криптовалути.

Тој стапил во контакт со лице преку друга социјална мрежа, со кое се договориле трансакцијата да се изврши во крипто менувачница во Велес. Пријавителот ги предал парите на вработен во менувачницата, по што му било кажано дека средствата се испратени на договорената адреса.

Сепак, криптовалутата не му била префрлена, а лицето со кое комуницирал го избришало разговорот и ги блокирало неговиот телефонски број и бројот на менувачницата.

Случајот бил пријавен кај јавен обвинител, а полицијата презема мерки за негово расчистување.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски