На денешната крводарителска акција одржана во просториите на СВР Куманово беа собрани 55 крвни единици .Надлежните ја оценуваат како успешна.
– Се очекуваше, согласно статистиката од претходните години, да се собреат над 50 крвни единиици, изјави Лилјана Славковска,трансфузиолог од Служабата за трансфузиона медицина во Куманово.
Вработените во СВР Куманово, традиционално крв даруваат три пати годишно на секои четири месеци. Првата акција се оддржува во февруари, втората во јуни и последната во октомври.
– Секоја година се зголемува бројката на крводарителите. И во оваа акција имаме двајца нови крводарители.Кумановската полиција уште еднаш ја покажа својата хуманост, рече Виолета Богдановска од СВР Куманово.
И оваа акција се организираше во соработка со кумановскиот Црвен Крст.
Секретарот на општинската организација, Иле Митковски нагласи дека имаат традициоонално одлична соработка со кумановската полиција.