Крводарителска акција во Крива Паланка

Од:

Нови 82 крводарувања се реализирани во денешната крводарителска акција, која се спроведе во просториите на Општинската организација на Црвениот крст од Крива Паланка, од 9 до 15 часот.

– Од планираните 50 единици крв, остваривме 32 крводарувања повеќе или планот го реализиравме со 160 отсто. Презадоволни сме од интересот на граѓаните за доброволното дарување крв и им благодариме за нивната хуманост што ја покажаа уште на самиот почеток од новата календарска година, истакна Дарко Пешовски, секретар на ООЦК Крива Паланка.

Ова е втора крводарителска акција во 2015 година. Во првата акција беа регистрирани 33 крводарувања, со кои исто така беа надминати планираните очекувања.

Од ООЦК Крива Паланка се надеваат дека трендот на зголемен интерес за доброволното дарување крв ќе продолжи, што ќе значи дека општината повторно ќе оствари завидни резултати на планот на крводарителството, кој минатата година беше натфрлен за цели 45 проценти.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ