Општина Гази Баба во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина денеска ја реализираа традиционалната крводарителска акција во која се собрани 22 единици крв.
Државната админстрација и граѓаните од Општината, во периодот од 9 до 14 часот имаа можност да ја изразат својата хуманост преку донирање крв.
Градоначалникот Тони Трајковски ги поздрави крводарителите, потенцирајќи го значењето од крводарителските акции и можноста за спасување на човечки живот.